Грција запрепастена од болната загуба на човечки животи во болницата во Газа

October 18, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Грција објави дека е запрепастена од воздушниот напад на болницата во северниот дел на Газа, што се случи синоќа, а во кој животот го загубија стотици луѓе, известува Анадолу.

Во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи објавено денес се наведува дека „се запрепастени од настаните што доведоа до болната загуба на животи“ во болницата „Ал-Ахли“ во Газа.

„Грција уште од првиот момент ја нагласи потребата од заштита на цивилите и зачувување на хуманитарните вредности и инсистира на тој став“, се вели во соопштението.

Државната новинска агенција АМНА објави дека поради смртоносниот воздушен напад и од безбедносни причини, премиерот Кирјакос Мицотакис се откажал од планираната посета на Израел.

„Новата безбедносна ситуација во Израел доведе до ревизија на претходниот план“, соопшти грчкото МНР.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема оправдување за напад на болница полна со цивили, осуда на Фон дер Лајен за злосторството во Газа

Следно

Египетскиот претседател го отфрли префрлањето на жителите на Газа на Синајскиот Полуостров

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop