Грција: Нова демократија е победник на изборите, Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада

June 25, 2023
1 min read

Во однос на распоредот на силите во грчкиот парламент, Сириза е втора со 17,84 проценти освоени гласови и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто гласови и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници

По преброени 91 отсто од гласовите на парламентарните избори во Грција, Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската Сириза.

Партијата победник доби 158 пратенички места, со што Киријакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада.

Во однос на распоредот на силите во грчкиот парламент, Сириза е втора со 17,84 проценти освоени гласови и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто гласови и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следуваат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение со 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза, Зои Константопулу, со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, првпат ќе влезат во парламентот.

Излезеноста на изборите, според официјални информации, е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, Сириза беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас: Ја преземаме одговорноста за резултатите на изборите, следи процес на реконструкција на партијата

Следно

Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop