Грција не планира да испрати С-300 во Украина

February 5, 2024
1 min read

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис категорично ги демантираше натписите во медиумите дека Грција планира во Украина да испрати противвоздушни ракетни системи С-300, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис ги карактеризираше како лажни вести објавите во медиумите и рече дека нема да ја стават во опасност одбраната на Грција.

-Треба да постои граница во однос на лажните вести, особено кога се поврзани со одбраната на земјата, со надворешната политика и интересите на земјата во странство, со нашата меѓународна слика. Вакво нешто не е точно. Категорично демантирам и во никој случај грчката Влада воопшто нема намера да ја стави во опасност заштитата на земјата и одбранбената политика. Она што е објавено во никој случај не е точно, истакна Маринакис.

И пред речиси две години, кусо по почетокот на руската инвазија на Украина, во Грција имаше сценарија дека Атина ќе испрати во Киев С-300, но и тогаш, овие информации категорично ги демантираше грчката Влада. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк во Фондот за здравство: Вработените незадоволни, граѓаните затечени

Следно

Две лица повредени од експлозија во Ерменија

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop