Грција лани ја посетиле речиси 32 милиони туристи

January 22, 2024
1 min read

За 17,3 отсто се зголемил бројот на посетители во Грција во периодот јануари- ноември 2023 година, во споредба со една година претходно, а земјата ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Истиот период во 2022 година, бројот на туристи бил 27,25 милиони, а зголемениот број посетители носи и пораст од 15,4 отсто на приходите за земјата, кои достигнале до 20,1 милијарди евра.

Пристигнувањата во Грција преку аеродромите е зголемено за 12,5 отсто, а преку копнените гранични премини за 34,5 проценти.

Во конкретниот период, речиси 20 милиони биле туристи од Европската Унија, а останатите над 12 милиони од земјите вон ЕУ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре поскапи горива, Регулаторна го објави новиот ценовник

Следно

Американска морнарица: Двајца исчезнати членови на „фоките“ прогласени за мртви

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop