Грција им нуди бесплатен одмор на туристите кои поради пожарите беа евакуирани од Родос

August 2, 2023
1 min read

„Разбираме дека тоа предизвика одредени непријатности за нашите посетители. Но, среќен сум што можам да известам дека Родос денес е подобредојден од кога било и дека островот се враќа во нормала“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за британската телевизија Ај-ти-ви (ITV)

Грција за следната година ќе им понуди бесплатен седумдневен одмор на островот Родос на оние туристи што беа евакуирани поради неодамнешните пожари кои го зафатија островот.  

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис / Фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL (Архивска фотографија)

Ова денеска го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи за британската телевизија Ај-ти-ви (ITV), пренесува грчки Катимерини.  

„За сите оние чии одмори беа скратени како резултат на шумските пожари, грчката влада, во соработка со локалните власти, ќе понуди една недела бесплатен одмор на Родос следната пролет и следната есен. Ова ќе обезбеди тие да се вратат на островот и да уживаат во неговата убавина“,

рече Мицотакис. 

Туризмот е еден од главните економски сектори на Грција, кој закрепна од должничката криза во 2018 година, а Родос, деветтиот по големина остров во источниот Медитеран, е една од нејзините најпопуларни туристички дестинации, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).  

Пожарот избувна на 18 јули во центарот на островот, а силниот ветер го прошири на источниот и јужниот брег, област со многу одморалишта. 

Грција објави дека ја извршила најголемата евакуација досега преземена во земјата. Беа евакуирани повеќе од 20 000 туристи и локални жители. 

Мицотакис денеска за британската телевизија изјави дека пожарите зафатиле 5 отсто од островот и дека ситуацијата се нормализирала, но пожарот им предизвикал непријатности на посетителите. 

„Разбираме дека тоа предизвика одредени непријатности за нашите посетители. Но, среќен сум што можам да известам дека Родос денес е подобредојден од кога било и дека островот се враќа во нормала“,

вели грчкиот премиер. 

Тој исто така нагласи дека во моментов нема активни шумски пожари на островот. 

Грчкиот премиер изјави дека пожарите во земјите и на остоврите на Медитеранот не се невообичаена појава, но додаде дека климатските промени го зголемиле нивниот интензитет. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Русија ги започна поморските вежби на „Штитот на Океанот 2023“ во Балтичко Море

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Kaко во различни делови од светот изгледаше првата „супермесечина“ за овој месец

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop