Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

October 7, 2025
1 min read

Натпартискиот кандидат за градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, во рамки на својата предизборна програма најави серија мерки за подобрување на безбедноста и противпожарната заштита во општината.

– Во наредниот четиригодишен мандат, ќе се посветиме на зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари. Тоа значи грижа за граѓаните, шумите, инфраструктурата и безбедноста на целиот град, изјави Грозданов.

Меѓу клучните проекти што ги најави се набавка на современа противпожарна опрема за сите пожарникари, ново навално возило и противпожарни цистерни. Дополнително, ќе се спроведе ревизија и оспособување на градската и станбената хидрантска мрежа, со цел поголема ефикасност при интервенции.

Грозданов истакна и дека ќе се усогласи бројот на вработени во противпожарните служби согласно законските прописи, за да се обезбеди нивно функционално и ефикасно работење.

– На 19-ти октомври направете го вистинскиот избор. Поддржете ја советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – број 9, порача Грозданов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?

Latest from Blog

Коњановски и „Avilo“ разговараа за развој и дигитализација на локалниот бизнис

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски одржа средба со претставници на норвешката технолошка компанија „Аvilo group“, која неодамна отвори свое претставништво во Битола. На средбата присуствуваа Стеинар Мек Шејн Ериксен, извршниот директор

Изчезна мал патнички авион на индонезиски остров, потрагата во тек: „Условите се многу тешки“

Последниот сигнал беше снимен во сабота попладне по локално време, 20 километри североисточно од аеродромот во близина на Макасар на островот Сулавеси. Индонезискиот авион ATR 42-500 исчезна од радарот во саботата, откако

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од

Божиновска за Бизнис Вести: Македонија ја гради мапата за зелена енергија

Пресвртните поместувања кои лани се случија во енергетскиот сектор јасно сигнализираa дека државата влегува во фаза на подлабока енергетска трансформација. По промените кои ги донесоа новиот Закон за енергетика и усвојувањето на
Go toTop