Гроси утре во Москва на разговори за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје

April 3, 2023
1 min read

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, утре ќе ја посети Русија, потврди Михаил Улјанов, постојан претставник на Москва во меѓународните организации во Виена, каде што е седиштето на МААЕ.

Улјанов кажа дека Гроси ќе се сретне со руската меѓуресорска делегација во Москва, пренесоа руските медиуми.

Гроси пред седум дена се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа најави дека најверојатно ќе отпатува за Русија во следните неколку дена.

Шефот на МААЕ ја посети и нуклеарната централа во Запорожје – најголемата во Европа, од каде соопшти дека е „блиску“ до договор за нејзината заштита бидејќи таа е загрозена од руската инвазија врз Украина.

„Мислам дека постигнувањето договор е блиску. Иако двете страни меѓусебно не се согласуваат, тие се согласуваат со МААЕ дека е потребна нуклеарна безбедност. Тоа е многу важен елемент што верувам дека треба да се земе предвид“, рече Гроси, пренесоа американските медиуми.

Гроси потоа додаде дека, бидејќи има се повеќе и повеќе борби околу централата, тој преговара со руските и украинските претставници само за мерките неопходни за да се спречи катастрофа во централата, што би била „голема нуклеарна катастрофа за цела Европа“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

У19: Македонските фудбалерки подготвени за УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје

Следно

Абазовиќ: Положивме голем демократски испит

Latest from Blog

„Месец на Франкофонијата“ во Битола: танцовата претстава „F_AI_LLE“ го отвора програмот

Француската алијанса и Амбасадата на Франција во Македонија со поддршка на Општина Битола го организираат „Месец на Франкофонијата во Битола“. На 13-ти март во Народниот театар Битола ќе биде танцовата претстава „F_AI_LLE“

Николоски во САД: Фокус на инфраструктурата и енергетската транзиција

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари работни средби во Стејт департмент во Вашингтон, каде се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски

Редовно годишно Собрание на МАНУ

Македонска академија на науките и уметностите денеска ќе го одржи своето редовно годишно собрание, на кое ќе се разгледуваат активностите и постигнувањата на Академијата во изминатиот период, како и насоките за нејзиното
Go toTop