Грковска: Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции

November 23, 2023
1 min read

реклама


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

реклама

– Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции  ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми, рече Грковска.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Не треба да има технички премиер од ДУИ, подготвен сум да се избрише постоење на техничка влада

Следно

(ВИДЕО) Обвинителството отвори предмет за спорните легализации на дивоградби во Чаир

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop