Грета Тунберг во Тирана на протест во знак на поддршка на Палестина

July 23, 2025
1 min read

Меѓународно познатата шведска активистка Грета Тунберг учествуваше на протест доцна попладнево на плоштадот „Скендербег“, во Тирана, за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел, објави Топ чанел.

Протестот започна во 18 часот а се одржа под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“.

Иако бројот на учесници на овој протест не беше голем, учесниците гласно повикуваа на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа.

Во неколку моменти, активистката Тунберг извикувала на албански јазик – „Слобода за Палестина“.

Во изјава, шведската активистка ја истакнала алармантната хуманитарна ситуација во Газа, наведувајќи дека „Палестинците се во петтата фаза на неухранетост и ги користат своите последни сили за да ја подигнат меѓународната свест“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Пет активни пожари во земјава – четири под контрола

Следно

Четврток во рерна: Балканот влегува во најжешкиот ден

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop