Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо

January 23, 2025
1 min read

Во  изјаваТА во Њу Џерси премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање. Ова, претставува провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето кое е решено, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на Договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по изјавата на премиерот Мицкоски од САД во која рече дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ продолжува со летовите кон Сирија по 13-годишен прекин

Следно

Нов пожар во Лос Анџелес: „Хјуз“ предизвика евакуација на 50.000 луѓе

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop