Грчкиот Парламент го изгласа амандманот со построги мерки за мигрантите

July 11, 2025
1 min read

Со 177 гласа „за“, 74 „против“ и 42 „воздржани“, грчкиот Парламент го изгласа амандманот што предвидува во следните три месеци да се суспендираат поднесувањата барања за азил од мигранти од северна Африка, кои нелегално влегле во Грција со пловно средства и при тоа ќе се враќаат, без регистрација, или во земјата од која дошле или во земјата на потекло, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис рече дека беше изгласан „важен и апсолутно неопходен амандман“, што според него, има за цел да ја „заштити земјата од зголемувањето на нелегалните пристигнувања“ и паралелно упати критики до опозициската ПАСОК затоа што гласала „воздржана“. .

Претходно, левичарската Курс на слобода достави барање да се гласа неуставност на амандманот, меѓутоа ова барање не го доби потребното мнозинство.

Министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис посочи дека во 2024 година во земјата пристигнале 4.000 луѓе од северна Африка, додека пак во првите пет месеци од годинава бројката е двојно поголема, а во последните денови имало дури и по 1.000 пристигнувања дневно.

За конкретниот амандман, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изјава за германскиот весник „Билд“ истакна дека нивната порака е дека „Грција не е отворен коридор кон Европа“, изрази подготвеност тесно да соработуваат со либиските власти за да се спречат поаѓањата од Либија, но и додаде дека е потребен „унифициран европски одговор“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Следно

Ветено-неисполнето: Данела Арсовска вети најдобар луна парк на Балканот

Latest from Blog

Коњановски: Денешниот ден е симбол на единството и борбата за независност

Во Битола денес беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положија градоначалникот на

Најнестабилните хороскопски знаци

Сите понекогаш сме нерасположени, но кај некои луѓе промената на расположението е поизразена. Според астрологијата, токму овие хороскопски знаци важат за најмалку стабилни. Рак Раковите се толку чувствителни што често се навредуваат

ФОТО: ГЛУВЦИТЕ на ГЕРАСИМОВСКИ во ЦЕНТАР ги чистат службите на МАКСИМ од КУМАНОВО

Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца. Инцидентот, кој резултирал со раскрвавен прст кај детето,
Go toTop