Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм

June 22, 2025
1 min read

Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред. Проекцијата ќе се одржи во понеделник, 23 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (ул. Никола Русински бр. 1, Скопје).

Филмот е во режија на Орфеас Переѕис, а продуценти се Константинос Василарос и Александар Гаврас. „Ривиера“ ја освои наградата од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), наградата FOS за најдобра изведба, наградата ERT (грчка радиодифузна корпорација) како и наградата за најдобра актерска изведба „Орфеј“ на грчкиот филмски фестивал во Лос Анџелес во 2025 година.

Влезот за проекцијата на „Ривиера“ е бесплатен.

Овогодинешната  Недела на Франкофонски филм  ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Следно

Пред седницата на Европскиот парламент, Мицкоски очекува силна порака за македонскиот јазик и идентитет од ЕУ

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop