Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

May 28, 2025
1 min read

Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека по обидите за внатрешна модернизација на ОПЕКЕПЕ кои не ги дадоа очекуваните резултати, „Владата, во соработка со европските власти и посветена на создавање транспарентен и интегриран систем за плаќање, пријателски настроен кон земјоделците, одлучно го решава проблемот“.

– Пораката е јасна: Системот за земјоделска поддршка и плаќања влегува во нова ера, ставајќи дефинитивно крај на децениските лоши практики и патологии што ги лишуваа доследните земјоделци од ресурси и можности, соопштија од кабинетот на Мицотакис и објаснија дека процесот на префрлање на надлежностите на ОПЕКЕПЕ во Независната управа за јавни приходи започнува веднаш, а целта е целосната интеграција да биде завршена во втората половина на 2026 година.

Како што објавија грчките медиуми, пред десетина дена Европскиот јавен обвинител придружувани од 20 службеници од антикорупциската единица на грчката полиција, спроведоа инспекција во седиштето на ОПЕКЕПЕ, при што била откриена широко распространета шема со фиктивни тврдења за пасишта користени за измамничко добивање земјоделски средства од ЕУ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Следно

ОРМ: Загрижувачки е трендот на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop