Границата ја дели половина метар широк канал: Чајот подготвен во Ирак се служи во Иран

September 21, 2023
1 min read

СУЛЕЈМАНИЈА (АА) – Канал со широчина од половина метар, во округот Бијаре, во Сулејманија, во североисточниот дел на Ирак, ја одредува границата со Иран, известува Анадолу.

На ова место во кафулињата се среќаваат семејствата од двете земји. Меѓу нив нема граничен премин, ниту контролен пункт.

Чајот што се подготвува во кафулињата кои се наоѓаат во пограничниот регион на градот Сулејманија, им се нуди на гостите од двете страни на границата.

Кафулињата поставени околу водениот канал кој ја одредува границата во округот Бијаре, претставуваат извор на приход за локалните трговци.

Ребвар Салих Хеме Хусејин, сопственик на кафулето „Ирак и Иран“, бил домаќин на туристи од други земји, како и на гости од Ирак и Иран.

„Моите гости доаѓаат од двете страни на границата. Ирачаните сакаат да пијат чај на иранската територија. Ова е место каде нема контролен пункт, граничен премин или знаци, освен каналот за вода кој ја означува границата, што ги воодушевува туристите“, рече Хусеин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Белингем е херој, во 94. минута го „скрши“ Унион за стартна победа во ЛШ

Следно

Тишина која зборува многу – Тонали осамен стоеше на трибините на Сан Сиро (ВИДЕО)

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop