Граѓаните секој ден се борат со високите цени – Владата со мерки за скапотијата беше погласна додека беше во опозиција

August 31, 2024
1 min read

Граѓаните во секојдневна борба со високите цени. Доведени се во ситуација да се откажат од многу работи, затоа што не можат да ги купат. Сметаат дека не е во ред, еден производ денеска да има една цена, а следниот ден таа да е повисока.

Премиерот Христијан Мицксоки рече дека засега нема да воведат мерки за замрзнување на цените бидејќи инфлацијата била ниска, но упати апел до трговците да не ги зголемуваат маржите, сепак останува отворено прашањето кој во државава треба да го докаже тоа и да го контролира, како и да утврди кој е виновен за високите цени.

За потсетување власта додека беше во опозиција постојано критикуваше дека рестриктивните мерки за цените се премалку или прениски, а сега пак нема никакви најави за да се подобри стандардот на граѓаните.

-Во Хрватска, Црна Гора и на Запад, цените за храна се поевтини од кај нас, а тоа е безобразлук од страна на сите трговци. Сакаат да надокнатат она што го загубија, вели Ирена М. од Скопје во Изјава за Рацин.мк

Според Ратка Б. земјите од соседството веќе воведуваат мерки, а ние касниме како и секогаш.

-Претходната Влада постојано имаше некакви мерки, сега нема најава за ништо, додава таа.

Како што објавија синдикатите, за 10 евра или 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во текот на август во споредба со јули годинава и тие зачестено посочуваат дека потрошувачката кошничка се зголемува, а платите многу минимално растат.

Во соседството пак сликата е поинкава, српскиот претседател Александар Вучиќ најави нова кампања според која граѓаните ќе можат да купуваат производи и до 80 проценти на попуст.

Тој вели дека направиле цела кошница, а на листата ќе се најдат 81 производ.

Црногорската владата ги ограничи маржите во трговијата на големо и мало на 66 прехранбени и хигиенски производи. Во однос на претходната кампања „Ограничени цени“, сега на листата се додаваат и овошје, зеленчук, нешто повеќе видови месо и средства за лична хигиена.

Акцијата вклучува исти производи и исти грамажи на неколку производители, а маржата се ограничува на 10% за прехранбениот сектор, како и во продавниците на големо и мало.

Како што соопштија владините претставници, во сила е и претходната мерка, која ги ограничува маржите за 5 основни прехранбени производи, на 5% во трговијата на големо и 5% во трговијата на мало. Со неа беа опфатени пченично брашно (тип 400 и 500), гранулиран шеќер, сончогледово масло за јадење и кујнска сол по килограм без разлика на тежината.

С. Т.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан

Следно

Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје

Latest from Blog

Како да го препознаете насилникот на време? „Ми беше потребна цела година да се извлечам“

Според стручните лица, за да препознае потенцијален насилник многу е важно секоја жртва да биде добро информирана за тоа што може да биде насилство. Широката јавност сè уште го перципира насилството само

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop