Граѓаните на Австрија се против проширувањето на Европската Унија

May 13, 2023
1 min read

Според анкетата направена од Австриското друштво за европска политика, дури 41 отсто од испитаниците одговориле негативно на прашањето дали се согласуваат С Македонија да стане член на Европската Унија. Позитвино одговориле само 21 отсто од испитаниците. Најголема поддршка за влез во Европска Унија меѓу австриските граѓани ужива Босна и Херцеговина, односно 29 отсто, додека, пак, најмала поддршка има Турција, земја за која дури 81 отсто од испитаниците одговориле дека е непожелна во Унијата

Австријците и понатаму се скептични за евентуално идно проширување на Европската Унија. Според истражувањето на Австриското друштво за европски политики, кое е спроведено во април годинава, ниту еден потенцијален кандидат за членство не добил поддршка од мнозинството граѓани. Австријците се поделени и во мислењата дали Бугарија и Романија треба да станат дел од Шенген-зоната.

Фото: Австриско друштво за европски политики

Најголема поддршка за влез ужива Босна и Херцеговина со поддршка од 29% од испитаниците. Поддршката за Србија, Црна Гора, Албанија и С Македонија варира од 24% до 21%, додека, пак, зелено светло за Косово би дале само 16% од граѓаните. Од друга страна, пак, 41% од Австријците се против влезот на Босна и Херцеговина, против влезот на С Македонија се исто така 41%, против влезот на Србија 48%, а против влезот на Косово 53%. Најголема „одбивност“ граѓаните на Австрија имаат кон влезот на Турција во ЕУ.

Споредено со претходната анкета спроведена во јули 2022 г., се зголемила поддршката за влез на Србија и Албанија во ЕУ за 8 отсто, на БиХ за 5 отсто и Турција за 3%. Според анкетата, за граѓаните на Австрија, во Унијата не се добредојдени ниту Украина ниту Грузија и Молдавија.

Од друга страна, мнозинството во Австрија е и против влезот на Бугарија и Романија во Шенген-зоната. 38% изјавиле дека се за влезот на Бугарија, додека пак со не одговориле 42%. За Романија бројките се речиси слични, 36% од Австријците се за влезот на Романија во Шенген, додека пак со не одговориле 44% од испитаниците.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дојави за бомби ги затворија аеродромите во Подгорица и Тиват

Следно

Туркије: Утре претседателски и парламентарни избори, право на глас имаат над 64 милиони гласачи

Latest from Blog

Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“. Во својата реакција тие

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оствари тет а тет средба со својот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ кој е во официјална посета на земјата кои потпишаа меморандум за разбирање во областа на

Македонија има со што да се гордее: Нашиот карате мајстор Дејан Милошевски освои злато на УСА Опен, а неговиот јуниорски тим бронза

На најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД – УСА опен, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, тимот на Милошевски маршал артс (Меган, Бони, Сиена и сенсеи Дејан) двапати успеаја гордо

Предвремените повторно во игра? Филипче вели СДСМ е подготвен, Османи смета дека се потребни

СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори, вели претседателот на партијата Венко Филипче, но не открива дали тие како опозиција ќе бараат нивно одржување заедно со локалните избори. Според него состојбата во
Go toTop