Граѓаните маршираа против случувањата во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

September 4, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Денес стотици граѓани маршираа во Скопје во знак на протест против начинот на работење на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, јавува Анадолу.

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, а протестот доаѓа по сомневањата и медиумските известувања за несоодветен третман на пациентите, злоупотреба на дејноста од медицинскиот персонал, крадење и нелегално препродавање на лековите во и надвор од Северна Македонија.

Граѓаните се собраа пред Владата на Северна Македонија, повикувајќи на оставка од министерот за здравство и премиерот на Северна Македонија.

Тие држеа банери на кои пишуваше „Убијци за профит“, „Ова ви е последна доза“, „Колку вреди човечкиот живот“, „Онкологија=геноцид“.

Демонстрантите со црвена боја напишаа „Убијци“ на улицата што минува пред Владата. Еден од демонстрантите, кој рече дека ја изгубил својата мајка од карцином на гради неколку дена по терапијата со хемотерапија, обвини за несоодветен третман и дека требало сам да се грижи за својата мајка.

„Јас за мојата мајка не успеав да се изборам, но ќе се изборам за сите ваши мајки и татковци што боледуваат од рак. Мора да се запре ова лудило, мора на оваа лудило да му се стави крај“, рече тој, обвинувајќи ја Владата дека „не може да ги тргне корумпираните доктори“.

Потоа демонстрантите маршираа до Основното јавно обвинителство (ОЈО), каде што побараа оваа институција кривично да ги гони сите можни инволвирани.

Тие порачаа дека „кражбата на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето“, а пред зградата на ОЈО со црвена боја напишаа „Соучесници“.

Некои од демонстрантите во знак на протест фрлаа со јајца кон зградата на ОЈО, а голем број полициски сили формираа кордон и пред Владата и пред Обвинителството.

– Властите повикуваат на судска разрешница, опозицијата бара оставки

Во врска со случувањата во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија реагираше претседателот Стево Пендаровски. Во соопштението пратено од Кабинетот на претседателот се вели дека „наместо на тие лица соочени со најтешка дијагноза да им даде целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил“.

Пендаровски повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско обвинителско процесуирање без селективност.

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се работи за „криминал што мора да се расчисти“, додавајќи дека „првпат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството влегоа и направија акција во делот на прибирање докази, во врска со јавно изнесени обвиненија и сомненија“.

Брзо расчистување на скандалот побара и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека молчела иако знаела за случувањата на Онкологија со кои се загрозиле човечки животи. Од оваа партија најавија дека за случајот ќе покренат анкетна комисија во Собранието и дека ќе има кривична и политичка одговорност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манев: Верувам во добар резултат против Италија

Следно

Путин: Соработката меѓу Туркије и Русија успешно се развива во сите области

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop