Графити „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ во северно Косово

February 11, 2024
1 min read

Графити на српски јазик, со пораката „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ осамнале утрово во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население.

Како што може да се види од фотографиите што ги објави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ од Северна Митровица, графитите се потпишани од таканаречената „Северна бригада“, организација која што, заедно со другата организација на косовските Срби, „Цивилна заштита“, Владата на Косово во јуни минатата година ги прогласи за терористички. Образложувајќи ја тогашната одлука, премиерот Албин Курти рече дека таа е донесена „врз основа на фактот дека тие формации претставуваат сериозна закана по законскиот и уставниот поредок на Косово“.

„КоССев“ напоменува дека граифитите се појавиле ден пред најавениот митинг на пензионерите во Северна Митровица, што го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, како и ден по маршот на навивачите на спортскиот клуб Црвена звезда „Делии“ во Белград, со транспаренти „Државо заштитити ги Србите од Косово“.

Другиот косовски медиум на српски јазик, „Косово онлајн“ објави дека истите графити, односно пораките „Кога српската војска ќе се врати на Косово – Северна бригада живее“ се појавиле и во другите три општини со мнозинско српско население во северно Косово – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили ја бомбардираа болницата во Хан Јунис во Газа

Следно

Мицкоски: Непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ, директно се вклучени во случувањата во АА

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop