Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски: „Усвоен најголемиот буџет во историјата на нашата општина, 100% за граѓаните“

December 26, 2024
1 min read

Денес, на седницата на Советот на Општина Бутел, беше усвоен рекорден буџет од 828 милиони денари, кој е најголемиот во историјата на општината. Градоначалникот на општината, Дарко Костовски, нагласи дека овој буџет е целосно посветен на развојот и подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

„Овој буџет е развоен, буџет кој ќе се искористи исклучиво за потребите на граѓаните на Општина Бутел. Сите средства ќе бидат вложени во реализација на барањата и проектите кои служат на интересите на граѓаните,“ изјави Костовски.

Градоначалникот на Општината изрази разочарување што советниците од ДУИ не го поддржаа овој буџет и не ги поддржаа важните проекти, како изградбата на водоснабдување во Луботен и Лубанци, изградбата на нови патишта и други развојни проекти.

Во усвоениот буџет се издвоени 178 милиони денари за капитални проекти, кои вклучуваат:

  • Изградба на парк во Радишани;
  • Создавање на пешачка патека покрај реката Серава;
  • Изградба на детска градинка во населбата Бутел 2;
  • Реконструкција на шлепот на реката Серава;
  • Реконструкција на главните патишта и голем број на помали улици;
  • Изградба на нови и реконструкција на постојни атмосферски и фекални канализации;
  • Изградба на нови спортски и рекреативни центри, како и нови фудбалски игралишта и детски игралишта.

Исто така, предвидени се средства за поддршка на спортските клубови, спортски стипендии и субвенции за реновирање на кровови и фасади. Друг приоритет е зголемување на фондовите за помош на социјално загрозени семејства и за организација на културни и спортски настани.

Костовски истакна дека во овој буџет не се предвидени средства за репрезентации, патни трошоци или непродуктивни трошоци. „Парите на граѓаните ќе се користат исклучиво за проекти кои ќе им служат нив,“ рече тој.

На крајот, тој изјави дека 2025 година ќе биде година на дополнителен развој за Општина Бутел, со многу нови и значајни проекти кои ќе ја подобрат животната средина за сите. „Продолжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел,“ заврши Костовски.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсен министерот за безбедност на БиХ

Следно

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Latest from Blog

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Основка од скопската населба Бит Пазар била жртва на уцена од страна на свои соученици, кои ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.
Go toTop