Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари прва официјална средба со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рока

November 14, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Град Скопје оствари значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас. На средбата присуствуваше и првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

-Денес во просториите на Град Скопје остварив исклучително значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

Ова беше нашата прва средба по моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, на која разговаравме за клучните можности и идни насоки на заедничка соработка.

Ваквите средби се од голема важност за Скопје.

Тие носат нова енергија, идеи и партнерства кои можат да го придвижат градот напред.

Убеден сум дека заедничката соработка со ЕУ ќе продолжи уште поинтензивно и дека преку координирани активности ќе создадеме современо, отворено и европско Скопје, какво што заслужуваат скопјани, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 37 години дознал дека неговата сестра Џун е всушност негова мајка, А ТАА НЕ ЗНАЕЛА КОЈ МУ Е ТАТКО!

Следно

Ѓорѓиевски на прва работна средба со амбасадорот Рокас

Latest from Blog

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската

1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва: Нов јавен повик од Општина Битола

Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола

Важно известување за корисниците на Бајненс платформата во Македонија: Наводната група на Вајбер не е официјален канал на Бајненс

Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој
Go toTop