Град Скопје велат дека не се надлежни за Скопско Кале каде е оштетен потпорен ѕид

February 14, 2023
1 min read

Од Град Скопје се огласија по повод одржувањето на Скопско Кале, каде како што соопштија од општина Центар, е оштетен потпорен ѕид

-Во врска со половичната информација, а во врска со надлежностите за одржување на Скопското Кале, градот Скопје до овој момент нема добиено никаков допис од ниту една институција – следствено, до овој момент немаме добиено допис ниту од општина Центар. Што се однесува до надлежностите, за Скопското Кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар.  Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на ул. Лазар Личеноски, велат од Ггад Скопје. 

-Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на ул.Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ „Конзерваторски Центар“, појаснуваат од Град Скопје. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Рударите спасија 26-годишна жена 201 час по земјотресот

Следно

Поранешна блиска соработничка на Трамп одлучи да се кандидира за претседател на САД

Latest from Blog

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на

Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023
Go toTop