Град Скопје: 23 средни училишта добиваат зеленило и нова урбана опрема

February 17, 2024
1 min read

Град Скопје најавува почеток на проектот кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

-Отпочнуваме со средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, каде во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

-Важноста и целта на овој проект е да се поттикнат нашите средношколци за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони. Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес зони, со реквизити и справи со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање, велат од Град Скопје.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: ЕУ не сака да применува механизми кон Приштина поради укинувањето на динарот

Следно

Што направи Америка од Косово и што тоа значи за Украина?

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop