Град на Западниот Брег прогласен за „подрачје на катастрофа“ во екот на израелската воена операција

September 4, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Градоначалникот на Џенин, Нидал ал-Обаиди, го прогласи градот на северниот дел на Западниот Брег за „подрачје на катастрофа“ поради тековната израелска воена операција на територијата.

За Анадолу денес Ал-Обаиди рече дека израелската војска работи на поделба на Џенин со уништување на неговите улици и инфраструктура со булдожери.

„Израелската војска продолжува да ја уништува инфраструктурата во Џенин и кампот“, додаде тој.

Израелската војска минатата недела ја започна најголемата воена операција на северниот дел на Западниот Брег во последните две децении, во која загинаа најмалку 33 луѓе и предизвика огромно разорување.

„Џенин е град погоден од катастрофа, изгледа како земјотрес да го погодил градот“, рече градоначалникот. „Главните улици се уништени, а електричната и водоводната мрежа се отсечени.“

Тој истакна дека израелската војска ги одвоила населбите на градот едни од други, проценувајќи штета од околу 50 милиони шекели (13,5 милиони долари) од почетокот на израелската операција.

„Нашите загуби се проценуваат на околу 100 милиони шекели (27 милиони долари) од 7 октомври 2023 година“, додаде тој. „Израелската офанзива сè уште трае, тоа значи уште поголемо уништување и убивање.“

Тензиите низ окупираниот Западен Брег се поголеми откако Израел продолжи со бруталниот напад врз Појасот Газа, во кој загинаа повеќе од 40.800 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври минатата година.

Според податоците на Министерството за здравство, оттогаш загинаа најмалку 685 луѓе, а над 5.700 се повредени од израелски оган врз Западниот Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште активен пожарот кај село Оморани

Следно

Еурофарм Пелистер и Алкалоид вечерва ја отвораат новата ракометна сезона

Latest from Blog

ФОТО: Стаменкоска Трајкоска, сопругата на премиерот Мицкоска и пратеничката Пешевска во посета на Клубот за деца со церебрална парализа

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера,

Видео- фото: Ким Кардашијан доаѓа во „Fortnite“, го откри изгледот на својот лик

Таа сподели серија промотивни фотографии на социјалните мрежи, откривајќи го својот изглед во „Fortnite“ и промените во облеката и косата – познати како скинови – кои ќе им бидат достапни на играчите

Луксузна копија на „Наполеоновиот законик“ на аукција во Брисел

Станува збор за збирка правни текстови од почетокот на 19-от век, изработени по налог на тогашниот француски император Наполеон Бонапарта, со кои бил надополнет Францускиот граѓански законик. Според расположливите информации, постојат само

Просветление грешним

Кога ги читате и слушате сите локални магистерчиња и докторчиња, професорчиња и аналитичарчиња, новинарчиња и шефици на кабинети…, сите трагачи по „вистини“ и откривачи на „ѕверовите“ во нас и наоколу – а
Go toTop