„Гоустлајтинг“: Нова форма на токсична манипулација во врските

December 15, 2025
1 min read

Во урбаниот речник се појави нов поим – „гоустлајтинг“. Тоа се оние случаи кога личноста со која сте во романтичен однос одеднаш ќе исчезне или постепено ќе ја прекине комуникацијата, а по извесен период повторно ќе се појави и ќе продолжи со разговор како ништо да не се случило, а доколку го/ ја прашате каде била во меѓувреме тој/ таа најчесто ќе биде изненаден /-а од прашањето, одрекувајќи дека поминало толку време и обвинувајќи ве дека сето тоа е само ваша замисла.

Според експертите, целта на ваквата манипулација е (да ги натера жртвите / да го натера другиот) да се сомнева во своите чувства и проценки.

„Вашингтон пост“ неодамна во напис го нарече „гоустлајтинг“-от аларм во врските, а психологот, д-р Сара Гандл на тоа додаде дека ваквите однесувања се посуптилни од очигледните предупредувачки знаци.

– Нивниот ефект може да биде подеднакво деструктивен. Лицата изложени на гоустлајтинг со текот на времето почнуваат да се сомневаат во себе и да се преиспитуваат дали имаат нереални очекувања од партнерот. „Гоустлајтинг“-от создава состојба на постојана несигурност и ја намалува веројатноста поединецот да реагира на однесување за кое инстинктивно знае дека е погрешно, изјави д-р Гандл.

Таа посочува дека жените се особено ранливи на ваков вид манипулација поради стравот дека таа ќе биде етикетирана како личност која премногу бара, само затоа што очекува основно ниво на редовна и доследна комуникација.

За да се избегнат вакви негативни искуства, експертите советуваат едноставен пристап: доколку лицето кое практикувало „гоустлајтинг“ сака повторно да воспостави контакт, оправдано е да се побара јасно и аргументирано објаснување за неговото исчезнување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава

Следно

Чешка доби нова влада, Андреј Бабиш по вторпат премиер

Latest from Blog

Божиновска: Ваучери до 28.000 денари за 4.070 ранливи домаќинства за инвертер клими

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека се објавени списоците на граѓани кои добиле право на ваучер за купување и вградување инвертер клима уред, како дел од мерките

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.
Go toTop