ГОРИ ПАРИЗ: Карлеуша во друштво на Георгина Родригез, пејачката се прошета на модна писта и заработи вртоглава сума на пари од познатиот бренд (ФОТО+ВИДЕО)

March 2, 2024
1 min read

Јелена Карлеуша уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен кога се во прашање модниот вкус и стил.

Јелена долго време ја препознаваат светските ѕвезди и брендови, а уште еднаш покажа колку е почитувана во градот на модата.

Карлеуша беше поканета како специјална гостинка на Модната недела во Париз, каде прошета по пистата рамо до рамо со најплатените модели.

Во првите редови беа најголемите светски ѕвезди од светот на модата и шоу-бизнисот, пренесуваат српските медиуми.

Покрај Јелена Карлеуша, на пистата прошетаа и Георгина Родригез, сопругата на познатиот фудбалер Роналдо, актерката Марсија Крос и светски познатите топ модели како Наталија Водјанова, Вини Харлоу, Валентина Ферера и многу други.

Модниот израз на ЈК одамна е познат и надвор од границите на Балканот, што го потврдува и оваа соработка.

Јелена одлично се снајде на споменатата ревија, носеше сив топ додека сите останати полудеа кога видоа што има на нејзините нозе.

Јелена носеше црвена тренерка со бели странични ленти, а сепак, изгледаа погламурозно од кој било свечен фустан.

Она што сепак привлече внимание е секако заедничката фотографија на Јелена и Вини Харлоу, која е една од најбараните светски супермодели.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен Косовец на Табановце, приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола

Следно

46-годишен скопјанец загина во сообраќајката кај Кичево, дете од возилото е тешко повредено

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop