Ѓорѓиевски: Жителите на Расадник наскоро ќе добијат современа поликлиника

October 10, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес најави изградба на нова поликлиника во населбата Расадник, општина Кисела Вода, проект што долго време беше меѓу најголемите приоритети на жителите.

Новата здравствена установа ќе се простира на 1.780 квадратни метри, со подрум, приземје и кат, и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги. На приземјето ќе се сместат лабораторија, стоматолошка ординација, детски оддел, итна и дежурна служба, ортопедија и матични лекари, додека на катот ќе бидат интерна медицина, кожно, гинекологија и ординација за уво, нос и грло, заедно со административни простории.

„Жителите на Кисела Вода со години се соочуваа со недостиг од ваква здравствена установа и беа принудени да патуваат до други делови на градот за лекарски услуги. Денес изградбата на поликлиниката станува реалност“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот ќе се реализира со средства од унгарски кредит, обезбедени преку Владата на Република Македонија. Ѓорѓиевски посочи дека ова е еден од над дваесет капитални проекти во општина Кисела Вода кои или се реализираат или наскоро ќе започнат.

„Изградбата на поликлиниката ќе значи значително унапредување на здравствената заштита и подобрување на квалитетот на животот. Жителите ќе имаат брз и лесен пристап до лекари и специјалистички услуги, без потреба да патуваат, а истовремено ќе се растовари оптовареноста на постојните здравствени установи во Скопје“, изјави  Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник истакна дека проектот е доказ дека со посветена работа и јасна визија ветувањата стануваат реалност, додавајќи дека чекорите што се преземаат се насочени кон подобар живот за сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел удри по навивачите: Какви навивачи се тоа кога половина час ги слушавме само Велшаните!?

Следно

Лабудовиќ: Секој центарец ќе добие свое паркинг место, планираме реконструкција на улиците и изградба на повеќе монтажни гаражи

Latest from Blog

Македонски Концепт – Чаир со заеднички ифтар за верниците

ИФТАР – ОК на МК Чаир Во духот на почитта, заедништвото и меѓусебното разбирање, Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Чаир организираше заеднички ифтар за нашите членови и пријатели припадници на исламската

Напад во Мичиген: Со автомобил се забил во синагога, па почнал да пука (ВИДЕО)

Вооружениот човек е убиен откако со автомобил влетал во синагога во пошироката област на Детроит, потврдил полицаец за CNN. Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд им кажа на новинарите дека обезбедувањето на

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не

Жичницата на Водно привремено нема да биде во функција

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување
Go toTop