Ѓорѓиевски: Заеднички кон почисти и пофункционални градови

September 18, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конференција посветена на одржливото урбано мобилно планирање, на покана на министерот за транспорт, Александар Николовски.

Ѓорѓиевски истакна дека ваквите настани се одлична можност за размена на искуства и примена на добри практики од европските градови и регионот. Тој се заблагодари на Министерството за транспорт и Светска банка за поддршката преку проектот за поврзување на локални патишта, кој овозможува развивање на планови за одржлива урбана мобилност.

„Тоа значи подобра транспортна мрежа, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и повеќе простор за пешаци, велосипедисти и зелени зони“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека со заеднички ангажман на општините, Владата и меѓународните партнери, ќе се изградат градови по мерка на човекот – почисти, поуредени и пофункционални. Ѓорѓиевски изрази уверување дека оваа конференција ќе прерасне во традиција и ќе поттикне нови успешни проекти кои ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

„Ова е патот по кој мора да одиме ако сакаме нашите деца да живеат во поздрава и поубава средина“, заклучи Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска и ЕВН разговараа за заштита на потрошувачите и енергетски предизвици

Следно

Просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop