Ѓорѓиевски за ТВ 24: Доминираат партиските препукувања и користење на техники кои водат до поделба

February 7, 2024
1 min read

Бојан Ѓорѓиевски од Институтот за комуникациски студии во емисијата 24 анализа рече дека извештајот од септември и октомври минатата година покажал дека не се работи за нагласување на позитивните политики на политичките актери и партии, туку доминираат наративи или комуникациски техники кои ги оцрнуваат политичките противници.

– Не се фокусираат на своите  политики, туку во најголемиот дел се фокусираат на туѓите. Со тоа поттикнуваат поделби во општеството помеѓу партиите и граѓаните каде се нагласуваат негативните работи што ги прават другите, наместо да се промовираат владини политики кои ќе бидат продуктивни. Доминираат партиските препукувања и користење на техники кои водат до поделба и ги подриваат демократските институциите. – рече Ѓорѓиевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Шпанија се урна зграда, има загинати

Следно

Таравари: AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop