Ѓоргиевски во СТУДИО 10: Не знам како се трошеле тие 2,2 милиони евра што ОЛАФ бара да ги вратиме, ОЈО врши истрага

April 1, 2024
1 min read

Македонија треба да врати 2,2 милиони евра проневерени од програмата Еразмус плус, како што најави ОЛАФ. Тоа ќе биде за некои 30-45 дена и за тоа треба да разговараме со Владата, која е техничка па не може да прави ребаланс, но ќе морада се најдат средства, вели Марко Ѓоргиевски, претседател на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Информацијата што стигна од ОЛАФ е дека станува збор за 21 проект во вредност од 2,2 милиони евра, но нам не ни се познати деталите од истрагата на ОЛАФ. Тие во 2022 година дошле во Македонија, но ја немаат посетено нашата агенција каде сум директор од 2020 година, вели Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски вели дека во Агенцијата дошол во сензитивен период и во изминатите три години воспоставиле нови критериуми и благодарение на тоа и на помошта од Амбасадата на ЕУ, програмата за образовна размена ќе продолжи. Тој вели дека сите документи се предадени до Јавното обвинителство.

– Јас се обидов да не посочувам со прст кон никого, за тоа постојат истрашни органи. Ние треба успешно да ја спроведуваме Еразмус плус со помош на евроамбасадорот. Немам информација дека претходната директорка Лидија Димова ги замрзнала овие предмети, знам дека ние замрзнавме 5 други проекти, вели Ѓоргиевски инсистирајќи дека постапката во ОЈО е во предистражна фаза и станува збор за случаи од периодот од 2016 – 2020 година.

Ѓоргиевски вели дека и во други земји низ Европа се случуваат вакви работи и средствата се враќаат, а потоа националните обвинителства ја спроведуваат истрагата.

– Од 2008 година постои Агенцијата, а Еразмус програмата е од 2014 година. Сега со Еразмус плус имаме 7,7 милиони евра за програми. Нам ни даваат средства но ни даваат и процедури. За почитување на процедурите имаме 70 евалуатори, евалуациона комисија, а ако било се во ред се дава решение за користење. Секоја година ние правиме семинари за обука и како да се аплицира и оттука имаме секоја година се повеќе апликанти, вели Ѓоргиевски.

Тој додава дека за Македонија е многу битна оваа програма на сите нивоа на образование со цел да ги искористиме информациите и искуствата од европските земји.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обновата на мостот во Балтимор би можела да чини најмалку 2 милијарди долари

Следно

По изборите сите ќе сме богати

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop