Ѓорѓиевски во 24 анализа: Не требаше да има стигматизација на маркетите, кога ќе се заврши забраната повторно ќе треба да се разгледуваат цените

February 24, 2025
1 min read

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски во 24 анализа рече дека не требаше да има стигматизација на маркетите бидејќи кога ќе се заврши забраната повторно ќе треба да се разгледуваат цените. Според него, намалувањето на цените може да се направи со таргетирање на социјално загрозените луѓе и со одредување на тоа кои производи се суштински потребни.

„Требаше да се таргетираат социјално загрозените луѓе и да се види на кој му треба финансии и паралелно да се одрдени согласно ЕУ онаа потрошувачка кошница и суштинските производи кои се потребни за луѓето. Ние не можеме да креираме ситуација сите да јадат исто и да се вратиме со советско време и да се замрзант цените, така тоа оди до пропаст. Дел од тие производи кои се суштински треба да се со соодветна цена. Тоа беше така и во Ковод кризата“, рече Ѓорѓиевски.

Тој зборуваше и за Законот за нефер трговски практики кој според него е добра алатка за контролирање.

„Со овој Закон има јасни одрдби како да се функционира и тој е добар за да видиме кој колку зема од профитниот колач. Ако државата вели дека е направен соодветна анализа и ако се откриени некои работи мора да се потпреме на тие информации и да им веруваме. Ние сме добри за Закони и да ги имаме како хартија ама за спровдување сме лоши. Никаде не се спроведуваат како што ќе се направи стратегијата. Стратегиски да се работи за да се дојде до целта. Ад хок решеиија нема, треба да се осмисли и во подолг процес да се одреди како ќе се функционира“, додаде Ѓорѓиевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера

Следно

Ерик тен Хаг oдлучи до 1. јули да не работам ништо

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop