Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

October 3, 2025
1 min read

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги претстави проектите што, како што рече, ќе донесат суштински промени во секојдневието на граѓаните.

Најзначаен е проектот за изградба на булеварот „Цветан Димов“, кој по години одлагања конечно ќе започне да се реализира. Ѓорѓиевски потенцира дека оваа сообраќајница претставува главна артерија што ги поврзува Чаир и центарот на градот, а дневно ја користат околу 100.000 возила од општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

–  Со новиот булевар кој ќе има шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување ќе го решиме хроничниот хаос, но уште поважно – ќе ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека проектот е дел од стратегијата „Визија: Нула несреќи“, преку која до 2030 година треба да се редизајнираат 50 критични улици и крстосници во Скопје.

Покрај булеварот, започнува и изградбата на монтажна катна гаража кај ТЦ „Чаирчанка“, со цел решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето. „Со новиот монтажен систем ќе добиеме брзо и функционално решение, со зголемен капацитет и уредено паркирање, што ќе ја растовари околината и ќе го подобри квалитетот на животот во овој густо населен дел од Чаир,“ додаде Ѓорѓиевски.

–  Визијата за Скопје е еднакво развиен град, во кој секоја општина добива инфраструктура достојна за современо живеење. Само со рамномерен регионален развој Скопје може да понуди подеднакво квалитетни услови за сите, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски најавува зелена енергетска транзиција за Битола

Следно

Општина Битола: Теренска проверка по оштетување на тротоар на влезот од Прилеп

Latest from Blog

Меџити ја пречека в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир, оствари средба со Никол Варнс, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје. На средбата беа разгледани актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,
Go toTop