Ѓорѓиевски со Мицкоски направија увид – Расадник добива градинка за 120 деца!

September 21, 2025
1 min read

Иако е недела, градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христјан Мицкоски извршија увид во започнатите градежни работи во Расадник.

Градинката се простира на површина од 800 метри квадратни и ќе згрижи 120 деца, со вкупно шест занимални, од кои две се наменети за јасли. Со овој проект, листата на чекање за упис која претходно изнесувала над 400 деца, се сведува на нула, овозможувајќи примање на деца и од други општини.

Ѓорѓиевски истакна дека работата со љубов и посветеност кон народот дава поголемо значење на секој проект и создава темел за иднината на младите генерации. Тој додаде дека Скопје треба повторно да заживее и да ја врати гордоста и достоинството што го заслужува.

 

„Чекор по чекор, со визија, одлучност и силна верба во подобро утре“, порача Ѓорѓиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како држава

Следно

Одложено е мега – дербито меѓу Марсеј и ПСЖ!

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop