Ѓорѓиевски: Скопје се движи безбедно и во зима, службите интензивно работат на расчистување на снегот

January 21, 2026
1 min read

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека снегот не е изненадување во зима, а подготвеноста е нивна обврска.

– Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет, вели Ѓорѓиевски.

Град Скопје

Тој апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

-Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима, истакнува Ѓорѓиевски.

Град Скопје

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

Следно

Се празнуваат Светите маченици Јулијан и Василиса

Latest from Blog

Зимската служба на терен во Битола, улиците се расчистуваат од рано утрово

Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово. На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите

Се празнуваат Светите маченици Јулијан и Василиса

Свети Григориј, епископ Охридски Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот. Светите маченици Јулијан и

На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

Ако сте забележале дека на терасата или прозорецот често ви слетуваат птици, според фенг-шуи тоа воопшто не е случајно. Оваа древна кинеска филозофија која се занимава со протокот на енергија во просторот,

Лепа Брена се потсети на средбата со баба Ванѓа: Искрено се исплашив, нозете ми се отсекоа

Пејачката помина повеќе од четири часа во студиото, отворено зборувајќи за својот живот, кариера, љубов и духовни искуства, а во емисијата го донесе и својот помлад син Виктор Живојиновиќ, објави Телеграф. Разговорот
Go toTop