Ѓорѓиевски: Ова е битка за иднината на Скопје, битка за враќање на надежта и достоинството на сите скопјани

October 9, 2025
3 mins read

Тука од каде што започна сѐ – дома, во МОЈАТА Кисела Вода и мојот народ! Јас немам зборови за да ви ја искажам мојата благодарност, едноставно се поклонувам пред вас мои сограѓани. Се поклонувам за тоа што бевте моја поддршка, мој столб во овие четири години. Вие сте причината поради која Кисела Вода денес е една од најубавите општини во Македонија. Вие, и мојот тим, порача кандидатот на градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Каква чест, каква одговорност и каква неизмерна гордост е да се стои вечерва овде, пред вас. Пред луѓето кои ми ја дадоа довербата, пред луѓето со кои заедно ги биевме битките и заедно ги славевме победите!
Вечерва не сум само кандидат пред вас, вечерва сум дома, меѓу своето семејство, меѓу моите комшии и пријатели! Сакам од дното на душата да ви се заблагодарам за секој ден поддршка, за секој стисок на рака, за секој совет, за секоја критика, и најмногу, за вербата што ми ја дававте во изминативе години! Вие бевте мојот мотив, мојот компас и мојата најголема сила! Погледнете ја оваа сила, ова единство! Ова е силата што ја менува реалноста! Се сеќавате ли добро каде беше нашата Кисела Вода пред само неколку години? Заборавена, заглавена во кал и прашина, со улици како кратери по кои кршевме автомобили, со недостаток на стотици места во градинките, со апатија и со чувство дека ништо не може да се смени. Велеа, таква е судбината. Но, ние не се помиривме со тоа! Ние не веруваме во судбина, ние веруваме во работа, истакна тој.

Ѓорѓиевски порача дека со дела покажале како се сака и како се гради општина.

-Заедно си ветивме дека ќе работиме и заедно, рамо до рамо, испорачавме конкретна работа и резултати! Покажавме со дела, а не со празни зборови, како се сака и како се гради својата општина! Зад нас, зад мене во Кисела Вода има кредибилитет, има доказ за чесност, за посветеност, за работа. Кисела Вода конечно е добриот пример во Скопје. Таке ќе биде и во иднина. Заедно асфалтиравме над 70 километри нови улици!
Заборавивме што е кал во многу населби, од Пинтија до Црниче, од Драчево до 11 Октомври! Изградивме 5 нови, модерни градинки и проширивме 5 од постоечките, и листите за чекање од над 400 ги сведуваме на нула. Создадовме над 80.000 квадратни метри нови паркови и зелени површини, затоа што здравјето на нашите семејства е најважно! Изградивме спортски сали, теререни, детски катчиња, фекална и атмосферска канализација, водоводни мрежи, вели Ѓорѓиевски.

По 100 години беше започнато со градење на ново ОУ СВ. Климент Охридски во Драчево, а останатите училишта беа проширени, ги дигитализирале и сите имааат фотоволтаици за произведување на струја.

-Реализираните проекти ги има во мојот отчет. Но, сакам да нагласам дека најважно од сè, го одбранивме срцето на нашата општина. Го одбранивме Расадник од алчноста на урбанистичката мафија и со меѓународен конкурс покажавме како се планира иднината со стручност, со разум и со слух за граѓаните! Од општина заглавена во долгови и кредити, направивме финансиски стабилна општина која денес инвестира во народот! Тоа, пријатели мои, не се празни бројки! Тоа е нашиот заеднички успех! Тоа е нашиот печат!
Тоа е доказ! Доказ дека кога се работи чесно, посветено и од срце, резултатите се тука, видливи за сите!
И токму тој доказ, таа наша заедничка победа, е причината зошто стојам денес пред вас. Затоа што моделот на работа, енергија и чесност од Кисела Вода, мора да го пренесеме на целото Скопје! Она што го направивме овде, во нашето маало, можеме и мораме да го направиме за целиот наш град, истакна тој.

Рече дека Скопје заслужува да биде водено со љубов, со план и со визија!

-Немојте да мислите дека со ова завршува нашата работа за Кисела Вода. Напротив, сега почнуваме уште посилно! Од позиција на градоначалник на Скопје, со поддршка од централната власт, ќе донесеме уште поголеми и уште позначајни проекти за нашата општина! Конечно ќе го завршиме проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ сè до Драчево! Ставаме крај на гужвите и тесните грла еднаш засекогаш!
Ќе го решиме и деценискиот проблем со Усјанскиот канал, со негова целосна реконструкција и покривање! Нема повеќе ризици по здравјето и поплавени домови! Ќе ги поврземе населбите и ќе го олесниме движењето со пробивање на улицата „Есенинова“. Ќе изградиме нова модерна катна гаража на Есенинова за да го решиме проблемот со паркирањето! И најважното, нашиот завет кон вас: во Расадник, ќе ја изградиме најголемата Градска шума – мега парк во урбаниот дел на Скопје! Ќе создадеме нови бели дробови за целиот град, токму овде, во срцето на нашата Кисела Вода! Ова, пријатели, е нашата визија. Визија за поврзано, зелено и модерно Скопје. Град со функционален сообраќај, каде ќе ги завршиме сите заглавени проекти како клучката Момин Поток и ќе изградиме нови артерии како булеварите „Хрватска“, „Цветан Димов“ и подземната сообраќајница кај „Лимак“, посочи Ѓорѓиевски.

„Град со чист воздух, каде ќе воведеме целосен План за чист воздух, а депонијата Дрисла ќе ја претвориме од еколошка бомба во современ европски центар за третман на отпад. Град со ред и поредок, каде јавните претпријатија ќе бидат реформирани за да му служат на народот, а не на партиските интереси. Ќе воведеме комунален ред за да го вратиме сјајот на нашите улици. Град кој се грижи за својата култура, каде конечно ќе ја вратиме во живот Универзалната сала и киното Милениум. Оваа битка е поголема од една општина и еден мандат“, рече тој.

Ѓорѓиевски шпрача дека ова е битка за иднината на Скопје, битка за враќање на надежта и достоинството на сите скопјани.

-Затоа, како што бевме заедно во сите досегашни битки, како што стоевме рамо до рамо и кога беше најтешко, ве повикувам да бидеме сплотени и сега! Да ја заокружиме нашата заедничка приказна со уште една, голема и историска победа! Да покажеме на цела Македонија како се сака својот дом, својот град и својата татковина! Да живее Кисела Вода! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее нашата горда и вечна Македонија, заклучи тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски од Кисела Вода: Време е моделот на успех да го пренесеме на целиот град

Следно

Чешка и Хрватска одиграа без голови, епска бламажа на Црна Гора, што ли испуштија Босанците!

Latest from Blog

Седел четири дена на стол за тетовирање и трпел огромни болки- резултатот ги подели мислењата (ФОТО)

Фотографиите од тетоважата, која стана хит на интернет, привлекоа внимание не само поради нејзиниот исклучителен уметнички квалитет, туку и поради неверојатната издржливост на клиентот, објави Слободна Далмација. „Не знам како го издржа

Ѓорѓиевски од Кисела Вода: Време е моделот на успех да го пренесеме на целиот град

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Кисела Вода — општината каде што, како што рече, „сè започна“ — ја одржа својата прва голема промотивна средба со граѓаните. Пред

Мастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!

ФОТО: Real Madrid FC/FB Франко Мастантуоно во целост ги оправдува средствата кои Реал Мадрид ги вложи во него. Младиот Аргентинец не ретко оваа сезона е стартер кај “кралевите“, игра добро, фановите на

Пецаков: Општина Охрид докажа дека промената е можна

Кирил Пецаков, градончалникот на Охрид и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за втор мандат на престојните Локални избори, вечерва пред граѓани на Охрид ги посочи промените во работењето на општинската администрација за
Go toTop