Ѓорѓиевски од Кисела Вода: Време е моделот на успех да го пренесеме на целиот град

October 9, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Кисела Вода — општината каде што, како што рече, „сè започна“ — ја одржа својата прва голема промотивна средба со граѓаните. Пред голем број присутни, тој се заблагодари за поддршката во изминатите четири години и ја презентираше својата визија за модерно, зелено и поврзано Скопје.

„Јас немам зборови за да ви ја искажам благодарноста, едноставно се поклонувам пред вас, мои сограѓани. Вие сте причината поради која Кисела Вода денес е една од најубавите општини во Македонија“, изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека со тимска работа и искрен пристап се постигнати видливи резултати.

Тој потсети на бројните реализирани проекти во општината – над 70 километри нови улици, пет новоизградени и пет проширени градинки, повеќе од 80.000 квадратни метри нови паркови и зелени површини, нови спортски сали, терени и детски катчиња, како и дигитализација и фотоволтаици во училиштата.

„Од општина заглавена во долгови и кредити, направивме финансиски стабилна општина која денес инвестира во народот. Тоа е доказ дека кога се работи чесно и од срце, резултатите се видливи за сите“, рече тој.

Ѓорѓиевски најави дека моделот на работа од Кисела Вода ќе го пренесе на целото Скопје, со нови инфраструктурни и еколошки проекти:

„Ќе го завршиме булеварот ‘Борис Трајковски’ до Драчево, ќе го решиме проблемот со Усјанскиот канал, ќе изградиме катна гаража на ‘Есенинова’, а во Расадник ќе никне најголемата Градска шума – мега парк во урбаниот дел на Скопје“, најави кандидатот.

Во своето обраќање, тој нагласи дека визијата е Скопје да стане поврзан, зелен и современ град со функционален сообраќај, чист воздух и ред во јавните претпријатија.

„Ова не е само битка за еден мандат, ова е битка за иднината на Скопје и за достоинството на сите скопјани“, порача Ѓорѓиевски, завршувајќи со зборовите:

„Да живее Кисела Вода, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее нашата горда и вечна Македонија!“

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!

Следно

Ѓорѓиевски: Ова е битка за иднината на Скопје, битка за враќање на надежта и достоинството на сите скопјани

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop