Ѓорѓиевски: Нов асфалт, тротоари и паркинг за жителите на Кисела Вода

September 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со кандидатката за градоначалник на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Иван Живковски, денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Ѓорѓи Димитров“.

Започна втората фаза од реконструкцијата на оваа сообраќајница, која е една од најзначајните во Кисела Вода и Скопје. Првиот дел, на потегот од „Народни Херои“ до „14 Декември“, веќе е завршен со нов асфалт, тротоари и современ паркинг со капацитет од околу 40 возила кај Домот за слепи лица „Димитар Влахов“.

Во тек е работата на вториот дел, од „Народни Херои“ до „Божидар Аџија“, каде што се врши целосна реконструкција со ново асфалтирање и изградба на пешачки површини со павер елементи.

Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и претставува дел од програмата за реализација на капитални проекти. Ѓорѓиевски најави дека улицата „Ѓорѓи Димитров“ е само една од вкупно 14 големи инфраструктурни инвестиции што се реализираат со цел подобар и посовремен град.

„Со оваа инвестиција жителите на овој дел од Кисела Вода и Скопје конечно ќе добијат подобри услови за живот и поудобен, побезбеден сообраќај“, истакна Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Иновациите и жените претприемачи ја движат битолската економија

Следно

Проданоски: Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop