Ѓорѓиевски: Не може поради два-три проценти несовесни граѓани постојано да биде казнуван целиот колектив

November 9, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски апелира до граѓаните на совесно одлагање на отпадот, по акцијата за чистење што се спроведе во изминатите 72 часа, веднаш откако ја презеде градоначалничката функција.

Порача дека во иднина нема да биде казнуван целиот колектив поради еден, два или три проценти несовесни граѓани.

Ѓорѓиевски рече дека градот е исчистен комплетно и оти акцијата е успешна.

– Сакам да ги замолам нашите сограѓани во однос на нивната коректност во постапување на одлагањето на отпадот. Дополнително отежнување на нашата активност е тоа што јас лично и моите соработници добивме впечаток како половина Скопје да се реновира наеднаш и мораше дополнително да се постапува покрај микролокациите отстранувајќи и мебел покрај нив, изјави Ѓорѓиевски.

Најави дека ќе се спроведуваат редовни активности за собирање кабаст отпад, а кога има алармантна состојба во одредено домаќинство повика да се обратат до службите за да се постапи. – Но, доколку некој се однесува несоодветно како што беше случај изминатите 72 часа ќе пристапиме кон опомени и изрекување на казни. Изречени се над 40 казни и 70 опомени и физички и правни лица, рече Ѓорѓиевски.

Ќе се направи, посочи скопскиот градоначалник, и сериозна анализа со цел секој правен субјект да добие контејнер, затоа што имало такви коишто воопшто не користеле контејнери. Тоа, истакна, е сериозен пропуст на институциите и од аспект на финансии, но и од аспект на одржување на состојбите за домаќинствата и онаму каде што одлагаат.

– Нека не ми замерат моите сограѓани, не може поради еден два или три проценти несовесни граѓани да бидеме целиот колектив казнувани постојано. Затоа ќе има постапување како што ветив пред моите сограѓани – тоа е воспоставување на ред којшто дефакто недостасуваше во главниот град. Оние кои се совесни ќе бидат наградувани, а за оние кои ќе постапуваат несовесно ќе биде спроведена казнена политика и нема да има толеранција против никого, изјави Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: 4.500 тони ѓубре собрано во Скопје

Следно

Слот: Голот на Ван Дајк беше чист, истиот судија призна ист ваков гол минатата сезона

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop