Ѓорѓиевски најавува ред и развој во Скопје: „Време е за работа, не за политички препукувања“

October 17, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во својата завршна порака до граѓаните истакна дека неговата кампања не била политичка трка, туку искрен дијалог со скопјани. Тој нагласи дека изминативе недели посетил секое маало во градот, разговарајќи со илјадници граѓани, слушајќи ги нивните проблеми и надежи, и презентирајќи ја својата визија за иднината на Скопје.

„Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет и критика, и најмногу за надежта што ја почувствував во вашите очи. Надеж дека Скопје конечно може и мора да биде подобро“, рече Ѓорѓиевски. Тој посочи дека неговиот пристап се базира на конкретни дела, како што се резултатите од неговото работење во општина Кисела Вода, каде што, според него, зборот се претвора во дело.

Ѓорѓиевски истакна дека зад него стои тим од експерти, професори, архитекти, уметници и обични граѓани од различни етнички и политички убедувања, обединети од љубовта кон градот. „Мојата визија е јасна: Скопје мора да биде град на сите – без поделби, каде секој ќе се чувствува почитуван и вреднуван“, нагласи кандидатот.

 

Во својата програма, Ѓорѓиевски најави ред во сообраќајот преку завршување на клучни булевари и проекти, изградба на нови булевари, катни и монтажни гаражи, реформа на јавниот превоз со воведување на еколошки автобуси и градски воз, како и изградба на четири мега паркови и 50 нови маалски зелени површини.

„Време е да воведеме ред, да го средиме нашиот заеднички дом темелно, плански и системски. Ова не е само борба за поубави улици и почисти паркови, туку борба за иднината на нашите деца“, порача Ѓорѓиевски.

Кандидатот ги повика граѓаните да излезат масовно на изборите и да го заокружат бројот 9, посочувајќи дека тоа е глас за работа, ред, одговорност и визија за иднината на Скопје.

„Ќе бидам градоначалник на сите скопјани, на терен, меѓу вас, решавајќи ги проблемите таму каде што настануваат. Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје!“, заклучи Орце Ѓорѓиевски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново место за игра и дружба во Битола

Следно

Експлозија во Букурешт – се урна станбена зграда, има загинати

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop