Ѓорѓиевски: Над 100.000 граѓани ќе добијат побезбеден и функционален булевар

August 19, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека еден од првите проекти по победата на локалните избори ќе биде решавањето на деценискиот проблем со булеварот „Цветан Димов“.

Заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, заменик-министерот Ѓоко Велковски и пратеникот Беким Сали, денеска беше извршен увид на терен каде што беше претставен проектот.

„Секојдневно повеќе од 100.000 граѓани ја користат оваа делница која ги поврзува Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Центар. За жал, досегашните ветувања од поранешните градоначалници останаа само празни зборови. Ние ќе го решиме овој проблем веднаш по победата во октомври“, изјави Ѓорѓиевски.

 

Тој додаде дека Скопје заслужува безбеден и функционален булевар и дека целта е преку сериозна работа да се надмине сообраќајниот хаос, да се исчистат депониите и да се вратат во функција јавните претпријатија.

„Скопјани веќе нема да чекаат. Време е за промени кои ќе се почувствуваат на терен и време е за ново, посигурно и поубаво Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола подготвен за спектакл – стадионот е спремен за натпреварот Македонија – Италија

Следно

ВРЕДИ: Не зборови, туку дела, инвертер клима уреди за стотици загрозени семејства

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop