Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Скопје е срцето на државата – должни сме да го вратиме сјајот“

November 7, 2025
1 min read

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети ориентирани кон граѓаните. Тој истакна дека новиот состав на Советот има историска улога – да го насочи главниот град кон стабилен и одржлив развој.

„Оваа седница е јасен знак дека демократските процеси се живи. Граѓаните ни ја дадоа довербата да работиме за нив, а не да експериментираме. Време е за работа, и тоа веднаш“, изјави Ѓорѓиевски.

 

 

Како приоритети на неговиот четиригодишен мандат се најавени: модернизација на јавниот превоз, инвестиции во нови автобуси и подобрување на сообраќајната сигнализација. Ѓорѓиевски нагласи дека веќе од првиот ден започнало интензивно чистење на градот, кое, како што рече, нема да биде краткорочна акција, туку секојдневна обврска.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Чистиот воздух и уредените зелени површини се темелот на здрав град. Она што вчера го започнавме не е маркетинг – тоа е наша обврска“, додаде тој.

Градоначалникот најави и строга контрола врз урбанистичкото планирање, со акцент на заштита на јавниот простор, како и зголемена поддршка за младите преку проекти во култура, спорт и иновации.

Посебен акцент беше ставен на транспарентноста во работењето: „Скопје ќе биде отворен град. Секој денар од буџетот мора да биде видлив и оправдан.“

Конечно, тој повика на меѓусебна соработка во Советот, независно од политичките разлики, со цел носење одлуки во интерес на скопјани.

„Верувам дека заедно можеме да изградиме модерен, чист и достоинствен главен град – Скопје какво што сите го заслужуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

Следно

Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop