Screenshot

Ѓорѓиевски: Ќе понудиме алтернатива за домаќинствата што се греат на дрва

October 28, 2025
1 min read

Вечерва во емисијата „На дуел кај Иван“ на Телевизија Канал 5, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја презентираше својата стратегија за справување со загадениот воздух во градот.

Ѓорѓиевски истакна дека првиот чекор е контрола на сите потенцијални загадувачи, а потоа посебен фокус ќе има на домаќинствата што се загреваат на цврсти горива. Тој предложи проширување на градската топлификациона мрежа како алтернатива за загревање, со изградба на две гасни централи – една кај ОХИС и една на излезот кај Ѓорче Петров, за оние зони каде што парното не може директно да се приклучи на системот. За високите зони на Скопје, како Црниче, Пржино и Водно, предложи субвенции за домаќинствата кои ќе користат топлотни пумпи.

Дополнително, Ѓорѓиевски најави целосен третман на депонијата Вардариште, со пренасочување на отпадот кон Дрисла за понатамошна преработка.

 

Кандидатот нагласи дека сообраќајниот метеж е уште еден голем проблем за Скопје, посочувајќи дека четири активни инфраструктурни проекти се градат со години и мора итно да се завршат. Според него, решавањето на загадувањето е процес што бара долгорочна работа и заеднички ангажман од сите страни.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билал Касами: Работам за секој граѓанин на Тетово, без разлика на етничката припадност

Следно

Ѓорѓиевски: Само 17 од 117 камиони се исправни, но Скопје ќе го исчистиме за три дена

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и
Go toTop