Ѓорѓиевски: Имаме стабилно мнозинство и подготвен тим за ново Скопје

October 22, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа координативна средба со советничкото мнозинство во Град Скопје, предводено од носителот на листата Даме Димитровски.

„Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека средбата била конструктивна и насочена кон конкретни чекори по преземањето на градската функција.

Тој им се заблагодари на сите граѓани за довербата и поддршката што ја дале на изборите. „Вашата доверба е поттик и обврска да работиме уште посилно и поодговорно“, порача Ѓорѓиевски.

 

 

Според него, првиот ребаланс на буџетот ќе биде фокусиран на враќање на функционалноста на градот, капитални инвестиции, подобрување на инфраструктурата, чиста животна средина и стабилизирање на јавните претпријатија, кои, како што рече, се во сериозен колапс.

„На Скопје му е потребна стабилност и систематско решение на наталожените проблеми, а не експерименти, туку план, одговорност и работа. Советот ќе биде двигател на тие промени, насочен кон интересот на граѓаните“, изјави тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека мнозинството ќе биде водено од принципи, работа и одговорност, а секој советник ќе има свое место и улога во развојот на градот.

„Верувам дека во наредните четири години, со заеднички ангажман, визија и труд, ќе го направиме Скопје повторно достоинствен град на кој сите ќе се гордееме“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека вратата за соработка со сите советници останува отворена.

На крајот, тој ги повика граѓаните на уште поголема поддршка во вториот круг од изборите, со порака: „Да се фатиме за работа уште од првиот ден и Скопје конечно да почне да функционира.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќерката на Ким Кардашијан го шокираше светот

Следно

Лабудовиќ најави 24/7 обезбедување во сите училишта и градинки во Центар

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop