Ѓорѓиевски и Мицкоски ги поздравија првачињата на стартот на учебната година

September 1, 2025
1 min read

На самиот почеток на учебната година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што за првачињата беа поделени ранчиња и школски прибор.

При посетата, Ѓорѓиевски изврши увид во доградбата на училиштето, проект кој обезбедува работа во една смена и создава подобри услови за наставата. Градоначалникот истакна дека во изминатите години биле реализирани бројни проекти за модернизација на образовната инфраструктура, меѓу кои: компјутери за наставниците, униформи за учениците, смарт-уреди и пречистувачи на воздух во секоја училница, нови спортски терени и сали, како и фотоволтаици кои овозможуваат производство на електрична енергија во училиштата.

„Овие проекти се доказ дека вложувањето во најмладите е вложување во иднината. Драги ученици, вратата кон знаењето е денес отворена пред вас. Учете, сонувајте и бидете храбри, ние ќе бидеме тука да ви обезбедиме образование какво што заслужувате“, истакна Ѓорѓиевски.

 

Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Мицкоски и Министерството за образование за поддршката и визијата за капиталните инвестиции во образованието.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски на средби со граѓаните за подобара Битола

Следно

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop