Ѓорѓиевски: „Есенинова“ ќе се пробива од „Чешма“ до „Шампионче“ за побрз сообраќај

September 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес во Кисела Вода најави почеток на втората фаза од проектот „Есенинова“, со пробивање на улицата од „Чешма“ до „Шампионче“. Со ова директно ќе се поврзат улицата „Антон Панов“ и булеварот „Борис Трајковски“, кој исто така ќе биде целосно реконструиран до Драчево.

„Оваа интервенција ќе донесе растеретување на сообраќајот, побрз пристап и подобра мобилност за жителите на Кисела Вода“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е дел од пошироката инфраструктурна мрежа што ја предвидува за Скопје, која вклучува: поврзување на „Бутелска“ со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, реконструкција на улиците „Перо Наков“, „Фрањо Клуз“, „Стар Качанички пат“, „101“, „Загребска“, како и улиците „Бутелска“ и „Радишанска“.

 

„Секој метар нова улица значи минута помалку во гужва, секој реконструиран тротоар значи поголема безбедност, секој поврзан кварт значи подобар пристап до училишта, болници и работни места. Ова е нашата визија и заложба за град со рамномерен развој“, додаде кандидатот.

Ѓорѓиевски истакна дека проектите се реализираат во соработка со Министерството за транспорт и министерот Александар Николовски, а во моментот се работат 13 други капитални проекти за кои Кисела Вода добила средства од Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан

Следно

Струмичани имаат најголема доверба во кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија

Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се тема на разговор со Велика Британија и тоа нема да се случи, а СДСМ и Венко Филипче удирајќи по нашите државни партнери ги рушат темелите
Go toTop