Ѓорѓиевски: Да ја негуваме културата на читање, тоа е наша обврска

November 15, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод јубилејот на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која годинава одбележува 80 години од своето основање. Тој нагласи дека историјата на библиотеката, започната во 1945 година, е нераскинливо поврзана со развојот на Скопје и Македонија.

Библиотеката денес располага со четири централни објекти, 14 подружници и подвижната библиотека – Библиобусот, што создава широка и достапна мрежа за читателите од сите возрасти, истражувачите и љубителите на културата. Според Ѓорѓиевски, токму оваа поставеност овозможува постојана комуникација со јавноста и ја осилува улогата на библиотеката како едно од најзначајните културни средишта во градот.

Градоначалникот сподели и лично искуство, потсетувајќи на повторното отворање на библиотеката во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во 2024 година. Клонот „13 Ноември“, кој по 11 години пауза повторно заживеа, денес е активен пункт посетуван од деца и млади и центар на бројни работилници и активности. Посебно ја истакна соработката со Државниот училишен центар за слепи и слабовидни „Димитар Влахов“, со кој е создаден фонд книги на Брајово писмо – пример за инклузија и заедништво.

Ѓорѓиевски порача дека знаењето и стручноста што постојат во Градската библиотека мора да продолжат да бидат во служба на современото општество.

„Во време кога се оддалечуваме од книгата и читањето, кога децата сè помалку го чувствуваат мајчиниот јазик, библиотеките се острови на надеж,“ нагласи тој, додавајќи дека тие се темелот без кој нема култура ниту иднина.

Градоначалникот заврши со порака дека обврската на институциите и општеството е да ја негуваат културата на читање и културата на паметење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Прилеп голема еко-акција за чиста животна средина

Следно

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Latest from Blog

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните

„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која

Сања Божиновска учествува во разговори за енергетска соработка со САД

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од македонската делегација која учествува на Стратешкиот дијалог во Соединетите Американски Држави, платформа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Во

Лукаревска: Потребни се итни антикризни мерки и политички консензус за ценовниот шок

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашната „Топ Тема“ истакна дека опозицијата навремено предложила сет антикризни мерки за справување со растот на цените на горивата и инфлациските притисоци, нагласувајќи дека тие треба

Јуве победнички со Џенова!

ФОТО:facebook.com/Juventus/ Во меч од 31.коло во Серија А, Јувентус како домаќин пред своите фанови, успеа со 2:0 да ја победи Џенова и со тоа да освои три големи бода во битката за
Go toTop