Ѓорѓиевски: Без жената нема иднина, таа е срцето на секое семејство

September 28, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на женската лидерска конференција „Јас сум жена“, посветена на улогата, визијата и храброста на жените во општеството.

„Длабоко верувам дека жените се двигателот на нашето општество. Без мајката, сопругата, сестрата, без секоја жена која со љубов го вложува срцето во сè што прави, нема иднина,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека е горд што во неговиот тим во Општина Кисела Вода доминираат жени, додавајќи дека и во Град Скопје ќе бидат вистински партнер на жените во нивните иницијативи и визии.

 

„Ќе бидам сојузник на секоја жена што се бори за себе, за своето семејство и за својата заедница. Тоа е должност која ја чувствувам со срце,“ порача тој.

Ѓорѓиевски ја истакна својата поддршка за економско јакнење на жените, за нивната заштита и рамноправност во сите сфери од животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два трагични случаи во еден ден: Уште една жена во Далмација е погодена на свадба од сигнална ракета, се бори за живот

Следно

Милионски зделки на Ахмети со Мијалков и Вучиќ, обвинува ВЛЕН

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop