ЃОРЃЕ ЈОВАНОВИЌ ГО ИЗЛОЖУВА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ПРОЕКТ „ГОРЧЛИВ ШЕЌЕР“ ВО МСУ

September 19, 2023
1 min read

„Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) е насловена изложбата на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, која ќе се отвори утре во 20 часот, во Музејот на современa уметност  (МСУ) Скопје.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

„Во духот на Лотреамон би можел да кажам дека ‘Горчлив шеќер’ е приказна за случајната средба на Калимеро, една запалка и Доналд Трамп на операционата маса, па оттаму користејќи го искуството на надреализмот и дадаизмот, но сега ставени во нашиот современ, хаотичен контекст, сакав да искреирам дела и простори коишто нема да илустрираат или дефинираат одредени појави, туку повеќе ќе предизвикуваат прашања и критичко промислување на светот во којшто живееме денес. Ми беше важно отвoрањето на теми, кои не се толку често третирани на нашата современа ликовна сцена, како и создавањето на простор за соработка на различни уметнички дисциплини и пробивањето на острите или воспоставени рамки на уметничка креација и продукција“, вели уметникот Јовановиќ.

„Замислен како ‘тотално уметничко дело’, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност“, велат кураторите.

Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни работени според раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Алекс Букарски) како и идеи на Јовановиќ.

„Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода“, додаваат кураторите.

Проектот се реализира со пари од Министерството за култура н Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“. Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фановите на Њукасл лудуваа на дождот во Милано (ВИДЕО)

Следно

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат состанок во Киев

Latest from Blog

Зеленски: Две лица загинаа во синоќешниот напад, беа употребени повеќе од 650 дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека две лица се убиени во синоќешниот руски напад и дека Русија лансирала повеќе од 650 беспилотни летала и 50 ракети. „Десетици лица се повредени во

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник

Ристовски го пушти во употреба новиот спортски центар во Дебар

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар во Дебар. Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, реализирана во соработка
Go toTop