Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија, се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

January 26, 2024
1 min read

Ѓорѓе Давид се уште е во Македонија, потврдија од кумановското обвинителство. Српскиот пеач и член на жирито на „Ѕвезде Гранда“, е во земјава иако српските медиуми објавија дека е во Белград, една недела по трагичната несреќа во близина на Куманово, кога загина едно лице.

Иако кај Давид не беше утврдена вина, кумановоското обвинителство за српскиот пејач определи мерки на претпазливост и привремено му го одзете пасошот и личната карта.

– Мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството. – велат од Основното јавно обвинителство Куманово.

Неколку часа по несреќата, основното јавно обвинителство соопшти детали за тоа како настрада сопатничката во возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски таблици.

Според првичната истрага, автоомобилот во кој била сопатник се судрил со „фолксваген голф“ со скопски регистерски ознаки, а како причина се наведува  дека најверојатно возачот на едното од возилата влегол на автопат во недозволена насока. По овој судир, сопатничката од возилото со кумановски ознаки излегла од истото по што на неа во тој момент налетало возило марка „Опел инсигниа“ со српски таблици. Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди од кои починала. Уште две други лица добиле тешки телесни повреди додека едно лице било полесно повредено.

Музичарот кој директно удрил во 49 годишната жена, за српските медиуми изјави дека таа се шетала по автопатот кога се случила несреќата. Веднаш му биле извршени проверки по кои било утврдено дека не бил во алкохолизирана состојба и дека возел во рамки на законски пропишаната брзина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган ја поздрави одлуката на МСП за Израел

Следно

Мајка пријавила дека двајца малолетници ја допирале нејзината ќерка

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop