Google „ги изеде“ колачињата – чекор што засекогаш ќе го промени интернет рекламирањето

January 8, 2024
2 mins read

Колачињата (cookies) долго време беа главен дел од сурфањето на интернет, но гигантот Google започна со исполнување на ветувањето за негово уништување. Индустријата за рекламирање на интернет сега има нов предизвик, а бришењето на колачињата ќе влијае на тоа колку добро рекламите ќе стигнуваат до нивната идеална публика.

Што се колачињата?

Колачињата се мали фрагменти од код што се оставени во интернет пребаруваче за означување на посета на одредена веб-локација. Звучат доволно невино, но колачињата се ефикасен начин за огласувачите да ги следат корисниците додека пребаруваат низ интернетот. Со чување дигитална белешка за тоа кои корисници ги посетуваат кои страници, огласувачите можат да состават детални профили за поединечни корисници за директно да ги насочат рекламите кон нив. Затоа на пример рекламите за телевизор постојано ви се појавуваат на други сајтови откако ќе кликнете на реклама или објава за телевизор на социјалните мрежи или страница за е-трговија.

Минатата недела, на мал процент од корисниците на Chrome им беше понудена нова функција наречена Заштита од следење што го прекинува пристапот до колачиња од трети страни.

Како немањето колачиња ќе влијае врз бизнисите?

Оваа промена наскоро ќе ја промени политиката за рекламирање, а можеби дури и ќе присили измени на веб-страниците на компаниите. Влијанието врз бизнисите на почетокот најверојатно ќе биде мало: само случаен 1 процент од корисниците на Chrome ќе бидат погодени од новата промена. Но, бидејќи најмногу од луѓето во светот користат Chrome, со приближно две третини од уделот на глобалниот пазар, секоја промена ќе влијае на компаниите кои користат насочени реклами за да стигнат до своите клиенти. Целта е да се прошири забраната за колачиња за сите корисници на Chrome до крајот на 2024 година.

Потегот на Google е одговор на промената на ставовите и прописите во врска со приватноста на интернет. Поради ризиците за приватност на податоците пронајдени во колачињата, ЕУ ги издвои како дел од својата директива за е-приватност, забранувајќи ја употребата на несуштински колачиња за профилирање или следење на корисник без негова изречна согласност. Покрај американските закони за приватност, ова е една од причините поради кои многу веб-локации сега нудат можност да изберете дали сакате да бидете следени од колачиња.

Google не е прв кој забранува колачиња од трети страни

Во 2021 година, Apple, кој се позиционираше како шампион за приватност на корисниците, ги забрани колачињата од трети страни за корисниците на iPhone и iPad. Овој потег ги зголеми трошоците за платените рекламни кампањи на социјалните мрежи и го намали нивното влијание бидејќи рекламите едноставно не можеа да бидат толку прецизно насочени кон потенцијалните клиенти. Но, Chrome има повеќе корисници од прелистувачот Safari на Apple, и кога Google рече дека ќе направи сличен потег, се најде на насловните страници.

Сепак, индустријата за рекламирање преку интернет се буни на ваквите потези, истакнувајќи пошироки импликации. Ентони Кацур, главен извршен директор IAB Tech Lab, изјави за Wall Street Journal дека маркетинг индустријата не е подготвена за ваков чекор.

Која е алтернативата на колачњата?

Google веќе го одложи спроведувањето на планот за ограничување на колачињата и се соочи со критики дека тие како компанија ќе имаат корист од тоа, на сметка на останати маркетинг агенции. На крајот на краиштата, Google е рекламна компанија и бидејќи сака да продолжи да заработува пари од огласувачите, развива алтернативи за колачињата. Најпрво се обиде со систем наречен FLoC, кој ќе овозможи некаква форма на насочено рекламирање без да се нарушува приватноста на корисниците на ист начин како колачињата. Во 2022 година, FLoC стана поголем проект наречен Topics, за кој Google вети дека ќе им помогне на „објавувачите, креаторите и другите програмери“ да изградат „просперитетни бизниси“ на начин што ќе обезбеди „безбедна и здрава мрежа за сите“.

Цените за оналјн рекламирање по овој потег на Google ќе бидат непредвидливи. Тие може нагло да пораснат, но и да се намалат, а најголемата опасност за компаниите кои се рекламираат е дека нема да може да допрат до толку многу потенцијални клиенти како што тоа беше можноста досега. За поголемо претпријатие, со буџет за односи со јавноста од милион долари, ова веројатно само ќе поттикне свртување кон нови начини да се допре до клиентите. Но, за малите бизниси, чии тимови можеби немаат соодветна ИТ експертиза, предизвиците би можеле да бидат поголеми.

Како алтернатива на таргетираните реклами водени од колачиња, претприемачите ќе се вратат кон рекламирање преку инфлуенсери и креатори на социјалните мрежи, но никој не знае и какви предности и можности ќе отвори и вештачката интелигенција која брзо се развива.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата бара забрана на сурогат мајчинството

Следно

Двajца работници се затруле на свињарска фарма во светиниколско: едниот почина на лице место, другиот пренесен во болница

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop