ГОЛГОТАТА НА ЕВРЕИТЕ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО ВО АУШВИЦ ПРИКАЖАНА НА ФОТОИЗЛОЖБА ВО СКОПСКИОТ МУЗЕЈ НА ХОЛОКАУСТОТ

January 26, 2024
1 min read

„За секој човек има име“, „Пристигнување“ се насловени дел од паноата на изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која се отвори синоќа во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија , во чест на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари.

„Албумот со фотографии од Аушвиц“ е единствената позната визуелна документација за процесот на собирање и селектирање на Евреите кои биле депортирани во Биркенау. Фотографиите првенствено го прикажуваат пристигнувањето на транспортите од Карпатска Русија, Унгарија во Аушвиц-Биркенау, пролетта 1944 година.

„Албумот со фотографии од Аушвиц“ е единствената позната визуелна документација за процесот на собирање и селектирање на Евреите кои биле депортирани во Биркенау. (Фото: Ѓ. Личовски)

Фотографиите се собрани во албум кој има 56 страници и содржи вкупно 193 фтографии кои прикажуваат повеќе фази на тоа како изгледала постапката на која биле подложени Евреите по нивното пристигнување во Аушвиц-Биркенау.

Изложбата ја организираат Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница. Изложбата е раскажана и продуцирана од Секторот за патувачки изложби, Оддел за музеи, Јад Вашем.

Фотографиите првенствено го прикажуваат пристигнувањето на транспортите од Карпатска Русија, Унгарија во Аушвиц-Биркенау, пролетта 1944 . (Фото: Ѓ. Личовски)

„Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот е посветен на сеќавање на трагедијата на Холокаустот за време на Втората светска војна во кој систематски биле убиени шест милиони Евреи во логорите на смртта, организиран и спроведен од нацистичкиот режим, неговите сојузници и соработници“, велат организаторите.

Овој ден е поврзан и со ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау на 27 јануари 1945.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието треба да избере нов спикер, а Пендаровски да го предаде мандатот за формирање на техничка влада

Следно

ММА борец паднал од 10. кат

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop